Мисија и Визија

1 Comment
LOGO 2

Геодет е професионална фирма и ги извршува сите работи од областа на геодезијата на територијата на Р.М и е запишана во регистарот кој го води Агенцијата за катастар на недвижности.

ГЕОДЕТ ДООЕЛ Радовиш е основана 2006 година, во овие девет години работа на македонскиот и на балканскиот пазар. ГЕОДЕТ ДООЕЛ се стекна со големо искуство и богата референтна листа во инженерскиот и катастарскиот дел од геодетската струка. 

 Ние ја креираме вашата визија и тоа не разликува од друите. Сите функционираме во име на остварување на заеднички цели, кои ќе го потврдат нашиот квалитет, а истовремено ќе ги задоволат и највисоки барања на пазарот. Благодарение на добрата тимска работа, долгорочните врски и квалификуваниот кадар во областа на геодезијата, подготвени сме да одговориме на различни барања на нашите клиенти.

Во однос на своите клиенти, Геодет е максимално посветен на професионалната реализација на идеите и задоволување на потребите и секогаш е подготвен да одговори на предизвиците.

Како резултат на професионално и паралелно работење во согласност со законите и со правилниците на инфраструктурниот катастар како дел од катастарот за недвижности, ГЕОДЕТ ДООЕЛ може да се пофали со изработка на првиот геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за утврдена фактичката состојба за легализација на инфраструктурни објекти (оптички кабел), што беше ревидиран и имплементиран во инфраструктурниот катастар за недвижности од страна на АКН, што резултираше со добивање на првиот имотен лист за инфраструктурни објекти (оптички кабел) во Република Македонија издаден од страна на АКН. Од витално значење за добивањето на првиот имотен лист за инфраструктурни објекти (оптички кабел) во Република Македонија беше самиот инвеститор и сопственик НЕОТЕЛ ДОО Скопје кој веруваше во компетентноста на нашата фирма, како и во професионалната поддршка на колегите од АКН кои повеќекратно одржуваа различни обуки за интерното работење и за усогласувањето на геодетските елаборати со новите правила и прописи на самиот инфраструктурен катастар.

Ние професионално и сигурно ги зацврстуваме нашите темели врз кои ги градиме нашите идеи. Страста и желбата кон она што го работиме е нашата моќна алатка во остварување на нашите цели.

Categories: Контакт